| четврток, 6 декември 2018 |

Чудо на Ѓурѓовден: Слепо момче го измило лицето со вода од извор и прогледало

Лани, на Свети Ѓорѓи, Бекира Леврин од Љубљана го однела својот слеп син Ирнес (9) на изворот Ибрет (чудо) во Босна и Херцеговина.

Таа му го измила лицето со вода од изворот, а за големо чудо тој прогледал.
Детето почнало да плаче и ја прашало мајка си што прават сите тие луѓе околу него. Таа пак поради голем шок се онесвестила.

decak-progledao-bih-620x350

– Го носев тука и минатата година за да го измие лицето, бидејќи цврсто верував дека оваа вода ќе го излекува, но Ирнес не сакаше да излезе од автомобилот. Беше слеп, а сега може да гледа!  Нема да кажам дека легендата се оствари, но јас цврсто верувам во ова чудо од Бог. Немојте да го дарувате со пари, дајте му ги на некој што му се потрбни како благодарност до Бога – низ солзи им говорела на присутните пресреќната мајка.

Сведоци на ова чудо биле повеќе од стотина луѓе, кои и помогнале на Бекира да се освести и смири, а детето го дарувале со пари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top