| четврток, 6 декември 2018 |

Годинава Грција е недостижна дестинација: Изгор цени, еве што поскапува

taverna grcija restoranПрвомајскиот продолжен викенд беше совршен за отворање на туристичката сезона во Грција. Но, освен што ја проверија температурата на водата во морето, туристите имаа непријатна гратис можност да се запознаат со новите, изгор цени кај јужниот сосед.

Грчките власти соочени со новите услови ма ММФ и со процесот на финасиска консолидација ја засилија финансиската контрола на угостителските објекти и продавниците. Контролите започнаа веднаш по отворањето на локалите, па угостителите за разлика од порано, сега почесто издаваат фискални сметки.

-Не знаеме кога може да упадне даночна контрола. Тешко е после толку години да се воведе ред, но со оглед што казните се од 15 до 100 илјади евра, опасно е да се ризикува, вели Никос Палаивакис, сопственик на ресторан за брза храна.

Поради засилената финансиска контрола, се проценува дека летово цените ќе бидат повисоки за 20 отсто.

Цени во Грција

Гиро – Цената на гирото останува 2,2 евра, но секој додаток се наплаќа по 0,3 центи (домат, павлака, кромид) Тоа значи дека цената на порција гиро се движи од 6,5 до 8 евра, што е во просек зголемување на и онака зголемените цени за околу 10%.

Еспресо – 1,2 евра

Пиво 2,5 – 4 евра

Официјално, туристичката сезона во Грција почнува на 20 мај, дотогаш цените на ноќевањата во двокреветна соба се од 20 до 30 евра. Местата во близина на Атина и на островите нудат подобри услови, па и цените се повисоки отколку на северот на земјата и тоа за 40%, во зависност од категоријата и видот на хотелската услуга.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top