Најдобриот фудбалер во светот Аргентинецот, Лионел Меси ја одби понудата на Барселона за продолжување на договорот, според кој би требало да останал на „Камп Ноу” до 2022 година. Тој не е задоволен од условите што му ги нуди клубот за продолжување на соработката, иако се работи за големи финансиски продобивки
Каталонците на Меси му нудат 35 милиони евра годишна плата за да го обезбеди неговиот потпис и за наредните четири години, бидејќи неговиот договор истекува на крајот од следната сезона. Ова значи дека Аргентинецот би влегол во последната година од договорот, доколку не потпише до завршувањето на оваа натпреварувачка година.
Агент на Меси е неговиот татко Хорхе, и тој води интензивни преговори со раководството на Барселона, но засега разговорите не одат според плановите на каталонскиот клуб. Наскоро се очекува Барса да излезе и со нова, уште подобра понуда за негово задржување на „Камп Ноу”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.