Барселона подготвува доживотен договор за својата ѕвезда Лионел Меси. Новиот договор на аргентинскиот играч ќе биде понуден на почетокот од 2019 година или најдоцна следното лето, тврди „АС“.
На 21 февруари, во интервју за телевизискиот канал „Блумберг“, претседателот на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу навести дека Меси ќе добие уште еден договор со клубот пред да ја заврши својата кариера.
Од 2005 година, аргентинскиот фудбалер осум пати го обновуваше договорот со Барселона.
Првото обновување на договорот на Меси беше во 2005 година, кога имаше 18 години и потпиша со клубот до 2010 година. Второто продолжување на договорот на аргентинскиот фудбалер се случи во септември истата година.
Третото продолжение на договорот на Лео се случи во 2007 година по неговиот познат хет-трик против Реал Мадрид. Тогаш веќе е проценет на 150 милиони евра.
Со доаѓањето на Пеп Гвардиола во 2008 година, Меси повторно потпиша нов договор со клубот.
По освојувањето на тројната титула со Барселона во 2009 година, Аргентинецот го обнови договорот со Каталонците. Тој се обврза со тимот до 2016 година, а неговата клаузула за ослободување достигна 250 милиони евра.
Во декември 2012 година, Меси по шести пат го обнови договорот со „блаугранас“. Неговата плата изнесуваше 12 милиони евра.
Лео по седми пат го обнови договорот со Барселона пред Светското првенство во Бразил и тоа за плата од 20 милиони евра.
Меси за последно го продолжи својот договор со Барселона во текот на летото на 2017 година, а официјално стави потпис под новиот договор со клубот на 25 ноември. Неговата плата е рекордни 39,4 милиони евра.
Барселона е решена да го задржи Меси до крајот на кариерата и клубот е подготвен да ги исполни сите барања на аргентинскиот фудбалер. Каталонците подготвуваат доживотен договор за Лео, кој е сличен на договорот што Андрес Иниеста го потпиша со тимот.
извор: .24.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.