| четврток, 6 декември 2018 |

Со 63 пратеници сè ќе беше поинаку: Кажано беше навреме, некои сакаа хаос – сега сите гледаме хаос (ВИДЕО)

Ви кажуваме многу отворено, многу јасно што ѝ следи на Македонија од сценаристите кои го најмиле Заев да го спроведе нивното сценарио. Ако се направи грешка, таа ќе биде кобна, нема враќање назад. Кога нешто од ваков карактер ќе се згреши и ќе се отиде во еден правец нема поправање. Се работи за Македонија. Внимавајте, се работи за Македонија

Ние не мразиме никого, ние сите ги сакаме и ги почитуваме, но јасно предупредуваме што и следува на Македонија ако ВМРО-ДПМНЕ не добие 63 пратенички места. Мора да си го кажеме тоа. Ако се направи грешка, таа ќе биде кобна, нема враќање назад. Кога нешто од ваков карактер ќе се згреши и ќе се отиде во еден правец нема поправање. Се работи за Македонија. Внимавајте, се работи за Македонија, се работи за иднината на нашата држава, на нашата заедничка татковина. Немојте после некој да рече што не ни кажаа, бидејќи појасно од ова незнам како да ви кажам. Ова се зборови на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кажани на митингот во Штип на 2 декември минатата година.

Веќе неколку пати ги повторувам овие работи со кантонизацијата, двојазичноста, федерализацијата, иако Заев секојдневно почна да ретерира, да кажува дека не кажал тоа што го кажал, дека јас сум ги измислил сите работи, сите знаеме кој што кажуваше. Го повторувам ова заради една причина, да не ни се случи грешка, да не кажете после „зошто не ни кажавте, па не знаевме ние, па вие тртебаше да ни кажете. Вие сте политичари, требаше да ни ги отворите очите, не сме сите должни да следиме се политика и се да предвидиме итн“. Затоа, го повторувам ова, бидејќи ако се направи грешка, таа ќе биде кобна, нема враќање назад, рече Груевски.

Тој нагласи дека кога нешто од ваков карактер ќе се згреши и ќе се отиде во еден правец, нема поправање, „нема што не ми кажа, што не ме потсети, што не ми рече“.

Сега ви кажуваме, ова важи и за вас тука и за сите по медиуми што не следат или преку интернет. Ви кажуваме многу отворнео, многу јасно што ѝ следи на Македонија од сценаристите кои го најмиле Заев да го спроведе нивното сценарио. Можеби, некој од вас се разочарал од некои наши слабости, решки, пропусти. И ние сме живи луѓе и ние грешиме, но фала богу, немаме стратешки грешки. Ќе се трудиме да ги поправиме, да бидеме подобри, да бидеме уште посупешни, да имаме помалку грешки, помалку слабости, но ова е крупна работа, ова не е работа за некоја мала грешка, па ајде ќе гласам за ова, па што сака нека биде. Ова е работа, се работи за Македонија. Внимавајте, се работи за Македонија, се работи за иднината на нашата држава, на нашата заедничка татковина. Немојте после некој да рече што не ни кажаа, бидејќи појасно од ова незнам како да ви кажам, рече Груевски.

Груевски потенцираше дека тие не се против Албанците, сакаат заеднички да одат напред и да ги решаваат проблемите.

Ние не сме против Албанците во Македонија, ние ги почитуваме, тие се наши сограѓани, заедно со нив живееме, делиме и добро и лошо, не им посакуваме ама баш ништо лошо. Ако им посакуваме на нив и на нас си посакуваме. Сакаме заднички да одиме напред, заеднички да ги решаваме проблемите, да ја подобруваме економската ситуација, да се отвораат нови работни места и за нив и за нас, за сите граѓани на Македонија, и за Македонците, и за Албанците, и за Турците, и за Ромите, и за Бошњаците, и за Власите, и за Србите, и за сите други што живеат… и за христијаните, и за муслиманите, не ги делиме луѓето, сите ги почитуваме и сме политичка гарнитура која сака на сите да помогне и се што помагавме досега помагавме на сите, никого не делевме. Дали е за субвенции, дали е за носење компании, фабрики, дали било за зголемување пензии, плати итн. Бевме еднакви и ќе останеме еднакви кон сите. Да не ни прават приказни ние сме биле националисти, а не знам што биле тие. Не, ние не мразиме никого, ние сите ги сакаме и ги почитуваме, но јасно предупредуваме што и следува на Македонија ако ВМРО-ДПМНЕ не добие 63 пратенички места. Мора да си го кажеме тоа, рече Груевски на 2 декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top