Остана уште една недела од најголемиот УФЦ спектакл оваа година, односно борбата за титулата помеѓу шампионот Стипе Миочиќ и Џуниор Дос Сантос.
Дуото се бореше пред две години, а Бразилецот излезе како победник по одлука на судиите.
Миочиќ и Дос Сантос се состанаа пред 2 дена на прес-конференција, а американецот со хрватско потекло, се осврна на претходниот меч и поразот.
“Во таа борба научив лекција, но тоа што го сфатив е дека можам да се справам со тие на врвот и дека припаѓам тука. Со поранешниот шампион се борев 5 рунди, а тој е познат по своите нокаути.
”Тука припаѓам и никаде не одам, погледнете каде сум сега “, изјави Миочиќ.
Бразилецот, исто така, се согласи дека нивната борба во 2014 година беше многу тешка.
“Стипе удира силно. Има одлични боксерски квалитети, а тој меч беше тежок за двајцата.
”Се разбира, ние научивме многу од него, така што сега ќе бидеме уште повеќе подготвени еден за друг “, изјави Дос Сантос, кој остана на својата претходна изјава дека ќе го победи Стипе во 2.рунда.
“Јас сум полн со самодоверба и сакам да бидам позитивен. Во своите соништа, гледам како одам во борба и го нокаутирам пред крајот на 2.рунда”, изјави Бразилецот, на што се надоврза Миочиќ.
“И двајцата знаеме дека некој ќе биде нокаутиран во овој натпревар. Јас ќе излезам со појасот од Октагонот. Нема да предвидам во која рунда ќе заврши борбата, но јас ќе бидам со појасот по натпреварот “, заврши Миочиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)