| четврток, 6 декември 2018 |

Коневски: Зошто изборот за претседател се случи токму тој ден и во толку часот?

За мене е нејасно зашто тоа, изборот на претседател, се случи токму тој ден и во толку часот, изјави вечерва Ивица Коневски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Топ тема“ на „Телма“, додавајќи дека тоа е намерно предизвикан инцидент за да се прикрие нелегалниот избор на Талат Џафери.

– Насилството е недозволиво, но прво и најважно е дека треба да се направи една истрага. Треба да оставиме на надлежните органи да направат истрага и да се види кој е одговорен за она што се случи – изјави Коневски.

Коневски подвлече и дека тие луѓе не биле организирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

– Во иднина, ние како политички опоненти мора еден ден да седнеме заедно и националните интереси да ги усогласиме. Да знаеме до каде може секоја политичка партија да разговара и преговара со коалиционите партнери. Да не дозволиме да се тргува со државните и националните интереси – смета градоначалникот.

Како што вели Коневски, Талат Џафери е нелегитимен претседател, и во иднина не треба да се бираат претседатели на овој начин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top