| четврток, 6 декември 2018 |

Охрид порача: Oд oваа битка нема откажување

Граѓани на Охрид попладнево излегоа на протест за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија.

Во нивно име се обрати Дарко Мојсоски кој потсети дека по 68-ми пат се тука за да го искажат својот револт кон оние што го погазуваат Уставот, што го уриваат суверенитетот на Република Македонија, кои преку туѓи интереси сакаат да дојдат на власт.

– Нашата битка е за заедничка Македонија, за правна држава, почитување на волјата на граѓаните кои се носители на државноста на оваа наша Република и од таа битка нема откажување, рече Мојсоски.

Протестот почна на плоштадот кај охридската гимназија, а продолжи со марш низ улиците во централното градско подрачје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top