Според Борисов, на претстојниот референдум закажан за 27 јануари против ќе гласаат сите членови и симпатизери на неговата десничарска партија ГЕРБ.
Референдумот го иницираше опозицијата, затоа што владата на Борисов на почетокот на годинава го поништи договорот со руски „Атомстројекспорт“ за изградба на втора нуклеарна централа во Бугарија што би била лоцирана во Белене и би била со моќност од две ијлади мегавати.
Поради таквата одлука на бугарските власти, руската компанија реши да поднесе тужба до Меѓународниот арбитражен суд во Париз во која бара отштета од милијарда евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.