Шведска ја победи Македонија со 1-0, со голот на Александар Качаниклиќ, фудбалер со потекло од нашите простори. По асистенцијата на Златан Ибрахимовиќ во 39. минута, играчот на Фулам одблиску осамен ја погоди мрежата на Томе Пачовски. Швеѓаните беа подобри, поконкретни во првото полувреме во Малме и создадоа неколку шанси, но не ги искористија.
Во вториот дел македонските репрезентативци се ослободија од притисокот, но без конкретна шанса можност за гол, сѐ до 85. минута кога Ферхан Хасани беше сам пред голот на Швеѓаните, но не ја прими добро топката и шансата пропадна.
Македонија го забележи и третиот пораз во низа, по двата квалификациски со Белгија, а нова можност да се прекине лошиот тренд ќе ни биде дуелот со Норвешка на 11 јуни во Осло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



