Околу 200 затвореници на Суматра, остров во Индонезија, ја скршија капијата близу џамијата во рамките на затворскиот комплекс и избегале, соопштија денеска официјални лица. Како што наведуваат, тие ја искористиле утринската молитва за да избегаат, пренесува Танјуг.
Според зборовите на директорот на регионалната канцеларија на Министерството за правда, претходно, затворениците во тој затвор, се жалеле на третманот и ги обвинувале чуварите дека се насилни.
– Тоа предизвика инцидент пред петочната молитва, рече тој, додека потпаролот на полицијата истакна дека од 200 лица кои избегале, фатени се 77 затвореници и вратени во затворот.
Како што се наведува, иако во затворот има место за 700 затвореници, во него моментално се наоѓаат околу 1.800.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија