
Олимпијакос на Перо Антиќ се пласираше во финалето на грчкиот шампионат со денешната победа од 80-67 на гостински терен против екипата на Аегеан, и со максимални 3-0 во победи ќе го чека својот противник од второто полуфинале меѓу екипите на Паниониос и Панатинаикос за одбрана на титулата исто како и во Евролигата.
По двете победи на домашен терен серијата се пресели кај Аегаен. Мечот беше решен уште по првата четвртина со вотството од 24-12 и лесно го приведоа до самиот крај.
Антиќ одигра на високо ниво и за 24 минути игра постигна девет поени, имаше и седум скока и по една асистенција и украдена топка.
Најефикасни кај Олимпијакос беа Спанулис и Папниколау со по 15 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


