Американскиот рок бенд „Иглс“ поднесе тужба против сопствениците на мексикански хотел, кои без нивно одобрение го нарекле „Хотел Калифорнија“, според најпозната песна на бендот.
Во тужбата поднесена до Окружниот суд во Калифорнија, членовите на познатата група наведуваат дека сопствениците на објектот, канадската брачна двојка Џон и Деби Стјуарт, „активно ги наведуваат“ своите гости на чувството дека хотелот, кој се наоѓа во мексиканскиот град Тодос Сантос во државата Баха Калифорнија, е поврзан со „Иглс“, со цел да продаваат разни сувенири.
Во тоа е вклучено и пуштање на песната „Хотел Калифорнија“ во фоајето и собите и продавањето маици, кои сугерираат дека се работи за „легендарниот“ хотел од нумерата, што резултира со конфузија меѓу гостите за што сведочат и нивните коментари на интернет, велат членовите на бендот.
Рок класикот „Хотел Калифорнија“ е насловна нумера на истоимениот албум на „Иглс“ од 1976 година, која една година потоа освои Греми. Песната е позната по долгата гитарска соло завршница на Дон Фелдер и Џо Волш и стиховите на Глен Фреј и Дон Хенли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)