| четврток, 6 декември 2018 |

Нејмар претставен пред 56 илјади симпатизери на Барселона (видео)

нејмар
Бразилскиот вундеркинд беше пречекан од шпанскиот репрезентативец Чави кој му го претстави клубот, клупските простории и стадионот и заедно со него, неговиот татко и претседателот на клубот Сандро Росел, официјално потпиша договор со траење од 5 години за годишна плата од 7 милиони евра. Овој трансфер Барселона ја чинеше 57 милиони евра, а откупната клаузула ќе биде неверојатни 190 милиони евра.
Пртставувањето на Нејмар пред навивачите беше закажано во 18,15 часот на „Ноу Камп“. Тој истрча неколку круга на стадионот подели неколку топки и автограми.
Интересно е што се претстави во дрес на Барселона без бројка на грбот.
-Ова е најдобар клуб за мене. Дојдов во клубот кој го избрав со срце. Иако имав понуда и од Реал Мадрид која исто така беше голема.Не сум под притисок и не мислам дека сум најдобар играч на светот. Овде веќе игра Лео Меси – изјави Нејмар на прес -конференцијата веднаш по претставувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top