| четврток, 6 декември 2018 |

Штабот на ДУИ се пресели во претседателскиот кабинет во Собранието (Фото)

dui-sobranie

Претседателскиот кабинет во Собранието на нелегитимно избраниот спикер Талат Џафери е претфорен во партиски штаб на ДУИ, пишува албанската новинска агенција ИНА.

На социјалните мрежи се појавија слики на пратеници, но и министри на ДУИ во кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери. Многумина од функционерите на ДУИ на ова гледаат како едно големо постигнување употребувајќи го тоа како партиска кампања.

01

Улогата на спикерот на Собранието треба да е над сите партиски и етнички политики и да е во интерес на сите граѓани и заедници во земјата, рече високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, на вчерашната средба со претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери во Брисел.

talat2-640x427

ИНА вчера објави извештај со критики од граѓаните за фотографиите кои беа поставени на социјалните мрежи, на кои се гледа како Талат Џафери неговиот кабинет го претвори во партиски кабинет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top