| четврток, 6 декември 2018 |

Голден стејт до втора победа, Вашингтон намали во серијата со Бостон (видео)

golden stejt

Вицешампионот во НБА лигата и еден од најсериозните кандидати за освојување на титулата оваа сезона,екипата на Голден стејт, стигна до уште една победа во полуфиналната серија на западната конференција против Јута од 115-104.

Голден стејт до триумфот беше предводен од Кевин Дурант со 25 поени и 11 скока, а одлични беа и Стеф Кари со 23 поени како и Грин со 21 поен. Томпсон мечот го заврши со 14 постигнати поени.

Вашингтон по негативата од два пораза стигна до првата победа во серијата со Бостон на домашен терен од 116-109, на мечот на кој најдобар беше Џон Вол со 24 поени, а одлични беа и Бојан Богдановиќ со 19 поени и 10 скока, како и Гортат кој дуелот го заврши со „дабл-дабл“ од 13 поени и 16 скока.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top