| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо: Не сум задоволен до крај, требаше повеќе да победиме

zoze murinjo

Екипата на Манчестер јунајтед во првиот меч од полуфиналето на Лигата на Европа на гостувањето во Виго против Селта, оствари минимална победа од 1-0. Маркус Рашфорд го реши натпреварот со фантастично изведен слободен удар, а португалскиот стратег смета дека неговиот тим заслужил и поубедлива победа според прикажаната игра.

– Победивме, и тоа е добро, исто како и фактот дека не примивме погодок. Но, останува впечатокот дека требаше да победиме и поубедливо според шансите што ги создадовме. Сега треба да ја дозавршиме работата во Манчестер, иако мора сите да сме свесни дека ништо уште не е готово. Имаме предност, но еден гол може да промени многу работи – изјави Мурињо.

Тој го пофали и Маркус Рашфорд, велејќи дека младиот напаѓач е посветен на работата и тренинзите, и тоа му дава резултати.

– Маркус е младо момче кое е вљубено во фудбалот. Тој останува најмалку половина час после секој тренинг и дополнително тренира слободни удари. Тоа си носи резултати – дополни Мурињо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top