| четврток, 6 декември 2018 |

Велиновска: Македонија е жртва на најновото повампирување на фашизмот

Feljton5-1994-111-mirka-velinovska

„Остана ли нешто што не е речено, а треба да се каже? А и кому воопшто би му било упатено? Македонскиот народ виде сè, насетува и знае сè. Затоа сега ни преостанува само да ги осветлиме фактите. Ова е вистинско време за тоа оти доаѓа 9 мај. За некој ден оној дел од светот што се самопроизнесува како антифашистички ќе го одбележи Денот на победата над фашизмот. Фашизмот е чедо на Европа. Цивилизирана и западна. Македонците се еден од ретките народи во Европа кои активно и масовно се бореа против тогашниот најсилен господар или тогашната ЕУ, која се викаше Трет Рајх (во поднаслов обновување на Западното Римско Царство со рок на траење од илјада години). Има такви кај нас во Македонија кои остареа и ќе умрат, а нема да дознаат што е тоа фашизам и диктатура. Борбата со него човештвото еднаш го плати со над 50 милиони жртви. Меѓу нив и со македонски животи. Но, тогашната победа платена со крв се гледа денес дека не била трајна. Евроамериканците го оживеаја, а ние го доживуваме. Членките на ЕУ, како и во 1941 година, се сите од ред квислиншки творби со кои управуваат фромално избрани, а всушност само именувани службеници на Рајхот. Kако и во 1941, само народите на Балканот (западниот) уште даваат отпор и бараат самите да се управуваат преку избори и демократија“, пишува Мирка Велиновска во својата колумна во „Дневник“.

Таа додава: „И еве нè во историска реприза. Република Македонија е жртва на најновото повампирување на фашизмот. Џабе се лажеме дека фашизам се победува со разговор, преговори, посредници и со гандизам. Нема начин фашисти да го сменат својот светоглед. Тие се антихуманисти по дифолт. Фашизам исто така не се победува на избори и со изборни резултати. Единствено со негово целосно уништување. Од корен и со редовно и систематско дератизирање, што значи со трајна мобилност на нормалното општество, што подразбира рана детекција, ефикасен систем за рано предупредување и снажна одбрана“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top