| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец во ранец се обидел да пренесе 100 илјади евра на Табановце

евра

Македонски државјанин се обидел овие пари околу 100 илјади евра нелегално да ги внесе во Македонија. Скопјанецот патувал со патнички автобус од Белград за Скопје.

На границата цариниците го запреле автобусот за да направат претрес на багажот. Осомничениот најверојатно го фатила паника и се обидел пеш да ја мине границата. Цариниците го забележале и го вратиле назад. Во два коверта во неговиот ранец откриле 100 илјади евра и 28 илјади данските круни. Според законот, на царина мора да се пријави сума над 10 000 евра. На скопјанецот му биле вратени 10 000 евра, а овие пари ќе бидат депонирани на Народна Банка се до завршувањето на судската постапка. За да избегнат давачки и данок, многумина се одлучуваат парите во кеш да ги внесат во државата.

Освен што остана без пари, скопјанецот ќе треба да плати и глоба од 1500 до 3000 евра. Царината засега нема информации од каде му се парите на скопјанецот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top