Никогаш не ѝ се израдувавме на татковината. Со едната рака ја оравме, со другата ја браневме и до денов денешен ја немаме целата асално одбрането, па, сепак, прекрасно и од Бога благословено е што сме Македонци, истакна на денешниот протестен марш на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ актерот Петар Темелковски.
Тој вели дека во минатото Македонија била голема колку половина планета и оти тогаш никој не смеел да нѐ негира. Темелковски додава дека Македонците никогаш досега не изградиле ништо со туѓ камен.
– Ние Македонците никогаш досега ниту куќа, ниту Црква, ниту Манастир, ниту што да е друго со туѓ камен не изградивме. Ние Македонците никогаш досега не стекнавме знаење за тоа како се прават неправедни држави и фалсификувани истории, ниту како се пустошат туѓи градови и гробови – посочи Темелков.
Според актерот, затоа денеска ние имаме силен глас, дури и за најтврди уши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено
-
„За заедничка Македонија“ : Сигурно е дека битката за правда и вистина продолжува, нашиот отпор е наша должност
-
„Песни за татковината“ вечерва во Гевгелија
-
Штипјани порачаа: Предвремени избори се единствен излез од кризата (Фото)