| четврток, 6 декември 2018 |

Нова белгиска инвестиција во Петровец- ќе се вработат стотина лица

инвестиција

Во индустриската зона Чојлија во општина Петровец ќе се гради нова фабрика за обработка на метали. Станува збор за белгиска инвестиција која ќе овозможи вработување на стотина лица. Индустрискиот објект кој ќе се простира на површина од околу 7.000 метри квадратни се очекува да биде пуштен во употреба најдоцна за 2 години.

Се` поголем е интересот за инвестирање во општина Петровец, а најпривлечни за инвеститорите се индустриските зони Чојлија и Ржаничино, вели градоначалникот Борче Митевски.

Во последниве 4 години, 128 странски и домашни компании инвестирале на територијата на Петровец.

Поради големиот интерес, започната е постапка за пренамена на земјоделското земјиште во градежно со цел да се овозможи изградба на дополнителни две индустриски зони – информираат од општината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top