| четврток, 6 декември 2018 |

Лазев до тоалетот, сама и неподвижна- водителката проговори за тешката болест

јелена

Водителката Јелена Бачиќ Алимпиќ проговори за тешката болест која ја имала, а која со помош на позитивниот став и упорност успеала да ја надмине.

-Ми испадна дикс меѓу двата пршлена на кичмата. Останав неподвижна. Потполно сама на Сицилија, со денови под инекции, без можности да се поместам. Лазев до купатилото. Тоа беа страшни денови – рекла Јелена.

После тоа следела шестмесечна терапија.

-Кога се вратив од Италија, морав на терапии, за да ја избегнам операцијата. Тоа траеше половина година, но верувајте, цврсто бев решена да ја избегнам операцијата на кичмата.Не сакав од тоа да правам спектакл. Господ ме застана и ми посочи да закочам. Потоа правев магнента резонанца и ги минав сите терапии. Успеав да го тргнам дискот кој го притискаше нервот и ми го оневозможуваше движењето- рекла Јелена.
Откако и се случило ова, сфатила колкава е моќта на позитивните мисли.

-На сите им велам дека никогаш не треба да губат надеж, верба и упорност и дека ќе победат. Дури и себеси треба да се победиме. После тоа имав уште еден сериозен здравствен проблем, кој исто така успеав да го надминам- додала оваа позната писателка.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top