| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска вработува Македонци – плата 2.000 евра

Хрватска не може да најде кандидати за работа во угостителството и тамошните сопственици на ресторани, кафетерии, хотели и туристички агенции се свртуваат на земјите од регионот.

Доаѓањето на топлите месеци за сите невработени отвора можности барем за сезонско вработување. Потрагата по сезонски работници веќе е почната, а само Хрватска, каде што веќе со години најмногу има работници од Босна и Херцеговина, оваа година бара 40.000.

Заработката на сезонските работници во Хрватска се движи од 600 до 2.000 евра месечно, со сигурно бесплатно сместување и храна, додека работниците со двојно државјанство може да очекуваат и здравствено осигурување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top