| четврток, 6 декември 2018 |

Мијатовиќ: Јувентус е лузерски тим, нема шанси да стане шампион (видео)

mijatovic

По првите полуфинални мечеви во Лигата на шампиони веќе се проектираше потенцијално финале помеѓу Реал Мадрид и Јувентус, со оглед на високите победи кои ги остварија овие два тима.

Точно еден месец пред финалето веќе сите зборуваат за овој дуел, а свое видување даде и Предраг Мијатовиќ кој во 1998 година токму со својот гол и пресуди на „старата дама“ и му го донесе трофејот на Реал.

Мијатовиќ тврди дека и овој пат финалето ќе заврши со ист епилог бидејќи смета дека Јувентус е лузерскли клуб кој постојано губи во финале.

– Јувентус е сериозен тим. Одлично се бранат и имаат голем квалитет напред. Финалето сигурно ќе биде одличен натпревар, но во Лига на шампиони Јуве е лузерски тим и постојано губи во финале. Од друга страна Реал скоро никогаш не губи кога игра финале – изјави Мијатовиќ.

Останува да се види дали предвидувањето на Мијатовиќ ќе се оствари, но факт е дека Јувентус до сега загубил шест европски финалиња, од 8-те на кои играл.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top