Српскиот министер за надворешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ во ТВ-гостување изјави дека целосно е неверојатно човек што претендира да биде новиот премиер на Македонија да дава неодговорни, скандалозни изјави како лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервјуто за српски „Курир“, кој го нарече новоизбраниот претседател на Србија, актуелниот премиер Александар Вучиќ, националист.
– Брутално напаѓајќи го премиерот, односно новоизбраниот, убедливо избран претседател на Република Србија, кој притоа со денови и со месеци повикува на мирно решавање на проблемите во Македонија не мешајќи се во внатрешните работи на Македонија, говорејќи дека стабилноста во Македонија е клучна за стабилноста на целиот регион. Што е причината? Повторно се враќам на тоа дека овде ништо не е изолиран случај, видовте и денес, значи тоа е една катастрофална изјава за која сум сигурен дека ќе остави трага по нашите идни билатерални односи, но во секој случај нема нам Заев да ни бира кој ќе биде на власт, ниту пак е Македонија некоја сила која ќе ја праша некој кој ќе биде во Србија на власт, исто како што Србија никој не треба да ја праша кој во Македонија ќе биде на власт.
–Но погледнете ја снимката која пред малку ја видов тука, албанското знаме на бирото на претседателот на парламентот на Македонија. Па каде во светот го има тоа? Знаме на друга држава на бирото на претседателот на парламентот на една држава. Јас ќе ве потсетам дека Република Српска, која е ентитет по Дејтонскиот договор, не може да има исто знаме како Репубика Србија, туку го тргна двоглавиот орел и има само тробојка. По која основа? Дали е ова парламентот на Македонија ? Или е заеднички парламент на Македонија и на Албанија – вели Дачиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)