Најдобрата руска тенисерка минататата недела се врати на тениските терени по 15-месечна пауза од турнирите поради суспензија.
Таа го одигра првиот меч на турнирот во Штугарт и по две победи беше поразена од Французинката Кристина Младеновиќ. Следниот предизвик за Маша е турнирот во Мадрид, каде што организаторот се одлучи на интересен начин да ја претстави и со тоа привлече поголем број гледачи.
На плакатот со нејзиниот лик организаторот со помош на фотошоп ѝ ги зголемил градите.
– Тогаш кога на плакатот за турнирот ти даваат градник „пуш ап“ – напиша Маша на „Твитер“.
When the @MutuaMadridOpen tournament poster gives you a good push up bra… 🙈💁🏼 pic.twitter.com/QbonpMgsBG
— Maria Sharapova (@MariaSharapova) May 1, 2017
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.