| четврток, 6 декември 2018 |

Крвавиот бизнис на четири сестри: Ранч на ангелите, бордел од пеколот

Сестрите Делфина и Марје Де Хесус Гонзалез се родиле во сиромашно семејство во мексиканската држава Гуанахуато. Тие од 1950. па до средината на 1960. година го воделе борделот “Ранче Ел Ангел”, познат и како борделот од пеколот, во градот Сан Франциско дел Ринкон.

Сестрите Делфина и Марје Де Хесус Гонзалез се родиле во сиромашно семејство во мексиканската држава Гуанахуато. Тие од 1950. па до средината на 1960. година го воделе борделот “Ранчo eл Ангел”, познат и како борделот од пеколот, во градот Сан Франциско дел Ринкон.

Rancho-El-Angel.8

Во работата им помагале другите две сестри, Кармен и Марија Луиза. Нивниот татко, Исидоро Торес, бил агресивен и авторитетен човек. Бил локален полицаец, кој своето насилство често го покажувал на работа, прекумерно кршејќи ги службените овластувања. При една расправија, убил еден маж и добил голем број на непријатели. Потоа семејството се преселило во Сан Франциско дел Ринкон.

Неговата незгодна нарав, често на своја кожа ја чувствувале и ќерките. Кога се шминкале или непристојно се облекувале, тој ги затворал во градскиот затвор за да им годотера умот. Плашејќи се дека засекогаш ќе останат сиромашни, сестрите, кога пораснале, отвориле бар. Иако на почетокот не им носел големо богатство, имале доволно пари да преживеат. Набрзо го прошириле бизнисот, па отвориле низа бордели во околните места и градови. Оделе во сиромашни села и на младите и убави девојки им нуделе работа како келнерки и чистачки. Наивните девојки кои се надевале на подобар живот не ни помислувале дека ги чека работа како проститутки.

bordello-whores

Наивните, најубави девојки сестрите ги “чувале” за локалните богаташи со дебели паричници, додека останатите ги силувале, поливале со студена вода и заплашувале. Девојките биле под строг надзор на сестрите, често принудувани да користат хероин и кокаин. Девојките кои еднаш доаѓале во борделот “од пеколот”, повеќе никогаш не излегувале од него. Оние кои забременувале, биле претепувани и принудувани да абортираат. Фетусите сестрите ги закопувале во дворот на својот имот.

Девојките кои добивале некаква полова болест ги затворале во соба, изгладнувале до смрт или ги терале другите девојки да ги тепаат. Истата судбина ги снаоѓала и оние кои одбивале да работата. Сестрите ги убивале, распарчувале и закопувале на имотот, а доколку некој бил сведок на тоа, завршувал како нив, а претходно бил ограбуван. Продавајќи алкохол и проститутки на војници, полицајци и останатите мештани, сестрите Гонзалес со време заработиле вистинско богатство.

980x

Во јануари 1964. година, една од девојките успеала да побегне од борделот. Иако сестрите по неа ги пратиле своите помошници, не успеале да ја пронајдат. Каталина Ортега, заедно со својата мајка, отишла во полициската станица во Леон и раскажала за борделот. За среќа, полицајците не биле блиски со сестрите, и веднаш отвориле истрага. Го пребарале имотот и пронашле тела на 80 жени, 11 мажи и неколку фетуси. Вкупно – 91 жртва. Бесните мештани биле подготвени да ги линчуваат сестрите Гонзалез, но судијата ги сместил во затвор. Во текот на мачното судење, девојките ги обвиниле сестрите дека ги принудувале на сатанизам, сексуални односи со животни и убиства. Секоја од сестрите добила по 40 години затвор.

ca. January 1964, León, Mexico --- Sisters Delfina Gonzalez Valenzuela, 52 (top) and Maria De Jesus Gonzalez, 39, (bottom) are shown behind bars at the San Francisco del Rincon jail.  The sisters, along with another sister Eva and five other accomplices were indicted on homicide charges January 21, 1964 by a Mexican court in Leon. They were charged in the deaths of 11 persons whose bodies were found in a "white slave" concentration camp at a ranch near Leon, where a total of 17 women and 5 babies remains were found.  The sisters owned two brothels and ran a sex slave ring that trafficked in young girls from 14 to 25.  An estimated 2,000 girls passed through the ring, lured with promises of jobs as maids for upper class families.  The sisters were convicted of first degree murder, slavery and other crimes and sentenced to the maximum penalty of 40 years in prison. --- Image by © Bettmann/Corbis

Делфина умрела во затвор во 1968. година, откако на главата и паднала кофа со цемент. Кармен заболела од рак и умрела во затворот. Марија Луиза умрела во затворот во 1984. година, а Марија де Хесус ја отслужила казната и излегла на слобода. Една легенда вели дека во затвор запознала маж со кој се венчала и живеела во изолација до својата смрт, до 90-тите години од минатиот век.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top