Најдобрата тенисерка на Чешка, Петра Квитова по подолг период им се врати на тениските терени. Некогашната освојувачка на Вимблдон кон крајот на минатата година доживеа голема несреќа, откако беше прободена со нов со раката од напаѓач во нејзиниот дом.
– Се надевам дека оваа фотографија ќе ве направи среќни, како што беше случајот со мене. Јас сум во Монако и погодете што правам. Се вратив на тенискиот терен, повторно го удирам топчето и се дружам со рекетот – напиша Квитова на социјалните мрежи.
Чешката тенисерка во својата богата кариера има освоено 19 трофеи, а двапати беше освојувачка на неофицијалното Светско тениско првенство, Вимблдон (2011, 2014).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.