Новак Ѓоковиќ ја забележи 501. победа во кариерата и ќе игра во четврт-финалето на Ролан Гарос против Томи Хас. Попладнево српскиот ас го победи Филип Колшрајбер со 4-6, 6-3, 6-3, 6-4 и одново ќе игра против германски тенисер на патот кон единствената гранслем-титула што му недостасува.
Хас настапи во премиерата од деветтиот ден на турнирот во Париз и набрзина го декласира Михаел Јужњи со само 5 загубени игри. Некогашниот четврторангиран светски тенисер славеше со 6-1, 6-1, 6-3.
Во женска конкуренција Викторија Азаренка оди понатаму по блескавата партија тенис против шампионката на Ролан Гарос од 2010 година, Франческа Скјавоне. Белорусинката победи со 6-3, 6-0 и ќе игра за полуфинале против Марија Кириленко, која беше подобра од Бетани Матек-Сандс со 7-5, 6-4.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.