Протестен марш и вечерва се реализираше во Кавадарци, во организација на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Од кавадаречкиот градски плоштад беа повторени барањата за отфрлување на тиранската платформа и зачувување на унитарноста на државата. Пред присутните се обрати Светлана Јосифова, историчар.
– Ви се обраќам како на луѓе кои си ја сакаат татковината. Не се во право сите кои ги осудуваат оние кои се залагаат за сопствената држава. Ги обвинуваат бранителите на државата, наместо предавниците, нагласи Јосифова, барајќи да се отфрли платформата донесена во туѓа држава.
На европските претставници им порача да не ја растураат Македонија како држава и ги повика сите во одбрана на земјата.
– Ќе се бориме со сите демократски средства за да ја одбраниме татковината, која некои сакаат да ја уништат, додаде Јосифова. Ова е битка да се биде или не, порача таа.
Протестите продолжуваат до исполнување на барањата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.