| четврток, 6 декември 2018 |

ЛШ: Кој ќе биде поуспешен, убиствениот напад или гранитната одбрана?!

Вечерва на „Луј втори“ стадионот во Монако ќе се одигра првиот натпревар од вториот двомеч во полуфиналето на Лигата на шампионите.

monako

Екипата на Монако ќе биде домаќин на Јувентус во дуелот за пласман во големото финале што ќе се одигра во Кардиф на 3. јуни. „Кнезовите“ се поготвени да ја продолжат европската бајка играјќи една од најдобрите сезони во историјата на клубот.
Досега пред Фалкао, Мбапе и другарите на колена паднаа гиганти како што се Манчестер Сити и Борусија Дортмунд и покажаа дека го играат најдопадливиот фудбал во цела Европа проследен со многу голови. Избраниците на тренерот Жардим играат за гол повеќе и знаат дека можат да го постгинат.

Сепак вечерва ќе го имаат можеби најтешкиот меч на домашен терен оваа сезона бидејќи доаѓа расположениот Јувентус кој иако има одличен напад, ја има и најдобарата и гранитна одбрана на стариот континент.

juventus

Ѕидот составен од Буфон, Кјелини, Бонучи не дозволи во цели 180 минути да прими гол од убиственото трио на Барселона во четвртфиналната фаза од Лигата на шампионите и кој во последните 10 меча на осум ја сочува мрежата на голот.

Што се однесува до повредени фудбалери Жардим има помалку главоболки со кои фудбалери ќе истрча на „Луј Втори“, додека Алегри нема да може да смета на клучниот играч во средниот ред, Сами Кедира (поради жолти картони), а поради тешка повреда уште од порано отсутен е и Марко Пјаца. Во поновата историја овие две екипи се сретнаа четирипати во европските натпреварувања, во кои Јувентус победи на два, еден меч му припадна на Монако, додека еден заврши без победник.

Како и да е, тимот од кнежевството е апсолутна сензација оваа сезона не само во ЛШ туку и во францускиот шампионат, а дали ќе има сили за уште едно изненадување ќе видиме вечерва со почеток од 20.45 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top