Лидерот на СДСМ, Зоран Заев пред српските медиуми го призна она за што медиумите во Македонија многу пати пишуваа и предупредуваа досега, дека Специјалното јавно обвинителство работи по негова нарачка.
Во интервјуто за српски Курир, Заев најавува дека СЈО, кое е под негова контрола, во крајот на мандатот ќе поднесе уште неколку обвиненија и ќе отвори нови истраги.
– Со 100 проценти гласови во Собранието избравме Специјално јавно обвинителство и специјален јавен обвинител. Сите материјали јас ги предадов кај нив. Тие до сега отворија преку 30 истраги, поднесоа преку 10 обвиненителни акти и во најава се уште 20 нови обвинителни акти, 20 истраги, вели Заев за српски Курир.
Ваквото признание на Заев само ги потврдува пишувањата во македонските медиуми дека СЈО работи по нарачка и ги исполнува желбите на Заев. Не така одамна македонската јавност можеше да види и пример кога пратеници на СДСМ на колеги од ВМРО-ДПМНЕ им се закануваат да не зборуваат многу против Заев бидејќи СЈО ќе поднесе обвинение.
– После настапот на ТВ Телма со Талат и Оливер С. и после дискусиите во Собрание деновиве, ми приоѓа еден колега од СДСМ и ми вика “ако продолжиш вака да го напаѓаш Заев, по телевизииве и на говорница не ти бега обвинение од СЈО; колку да си знаеш!” Му кажав и нему, ќе Ви кажам и Вам, бујрум и за Заев и за СЈО, јас ќе продолжам. Подобро да бидам обвинет заради родољубие , отколку да бидам награден за велепредавство, напиша пред околу еден месец на социјалната мрежа Фејсбук Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Набрзо потоа СЈО истражуваше дали Милошоски поседува авиони и фирми.
– СЈО продолжува со нарачаниот притисок врз неистомисленици на Аболицираниот. После моите настапи на Топ Тема контра Оливер С. и во Собранието против Заев, прво стигна предупредување од пратеник од СДСМ дека многу зборам, а сега и истрага од Катица Јанева, која ги бара моите авиони и фирми кои ги немам! Само продолжете, нема да нѐ замолчите. Подобро да бидам обвинет за родољубие отколку да бидам награден за велепредавство, напиша тогаш Милошоски на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)