Текстурата на хартијата за печење ја прави погодна за одврзување многу „Гордиеви јазли“ во домаќинството.
Освен што е „изум на векот“во кулинарството, хартијата за печење можете да ја употребите да ги решите и овие десет проблеми во домаќинството.
Светнете ги чешмите
Истријте ги славните за да добијат сјај. Хартијата ќе ги отстран дамките од вода, а восокот од хартијата на некое време ќе спречи да се фатат онви дамки.
Обложете ги полиците
Поставете хартија за печење на полиците во кујната ко се најисложени на прав и маснотија од готвењето, на пример, на оние кои се во близина на шпоретот. Менувајте ги на неколку месеци и ќе се изненадите колку маснотија и прав ќе се наталожи на нив. Исто така, можете со оваа хартија да ги обложите фиоките и внатрешните полици во орманчињата во којната.
Исчистете го подот
Наместо крпа за бришење на подот, користете хартија за печење и избришете го на вообичаениот начин. Освен што ќе ја собере сета нечистотија од подот, дополнително и ќе го светне.
Исчистете ја пеглата
Ако ви се улепила пеглата, сторете го следново: на хартија за печење посипете сол и кога пеглата ќе се загрее на максимум, почнете да триете сѐ додека не се отрани сета нечистотија.
Заштитете го отворачот за конзерви
Хартијата за печење е обложена со восок кој продонесува да се продолжи векот на сечилото на отворачот така што ја отстранува нечистотијата. Од друга страна, го обложува со слој восок, кој го заштитува од ‘рѓосување.
Подмачкајте ги шарките
Истријте ги шарките на вратата која чкрипи со хартија за печење. Исто така, ако некоја врата запнува при отворање и затворање, протријте го работ од страната на касата и ослободете се од сите непријатности.
Заштитете го алатот
По секое користење исчистете го алатот со оваа хартија. На тој начин лесно ќе ги симнете земјата и ли некоја друга нечистотија, а восокот ќе го заштити металот од ‘рѓосување.
Одглавете заглавен патент
Ако забележите дека запнува патентот на јакна, чизми или чанта, не тегнете го со сила, истријте го со хартија за печење. Така ќе ги подмачкате запците, па ќе биде како нов.
Обложете ги полиците во фрижидерот
Хартијата за печење е идеална за обложување на полиците во фрижидерот, па дури и на фиоките. Ги заштитува од храна која се пролеала доволно да не мора да го чистите целиот фрижидер, туку само да ја замените хартијата на полицата.
Исчитете метални шипки
За да лизгаат како по подмачкано прстените од завесата во туш-кабината металната шипка истрјте ја со хартија за печење – ем ќе ја исчистите ем ќе ја подмачкате.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.