| четврток, 6 декември 2018 |

Буфон: Кога јас играв на светско првенство, Мбапе не беше ни роден

dzidzi bufon

Џиџи Буфон, еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот, денеска со својот Јувентус го игра можеби најзначајниот натпревар во досегашниот дел на сезоната. Екипата на Монако, предводена од младата сензација Килиан Мбапе, на домашен терен на „Луј Втори“ ќе је пречека „старата дама“ во рамките од првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, а воочи овој дуел италијанскиот капитен говореше токму за 18-годишниот гол „убиец“.

– Ако не се лажам тој е роден во 1998 година. Јас тогаш бев дел од Италија на Светското првенство во Франција, каде што е роден. Тоа е убавината на животот, да запознаеш некого кој не беше роден додека ти веќе си направил кариера зад себе. Пред неколку денови сфатив дека минав низ три генерации. Започнав да играм со фудбалери кои беа родени во 50-тите или 60-тите, а најверојатно кариерата ќе ја завршам со фудбалери родени по 2000 година. Навистина возбудливо е да бидеш дел од една ера на Роналдо, Меси и засекогаш ќе ми останат во сеќавање моментите дека сум играл против нив дури од нивните почетоци – вели Буфон.

Последен пат овие две екипи се сретнаа во 2015 година, кога Јувентус беше поуспешен во четвртфиналниот двомеч во Лигата на шампионите, откако на домашен терен победи со 1-0, додека во реваншот во Монако резултатот гласаше 0-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top