| четврток, 6 декември 2018 |

Голден стејт рутински до втора победа, Ајзеа Томас го одведе Бостон до солидна предност над Вашингтон (видео)

golden stejt

Синоќа во НБА лигата продолжија натпреварите од плејофот од полуфиналињата по конференции.

Кошаркарите на Голден стејт поведоа против Јута во полуфиналето на Западната конференција, додека Бостон поведе со 2-0 на дуелот со Вашингтон на Истокот.

Вориорси славеа со 106-94 против Јута, рутински стигнувајќи до триумфот кој го најавија од самиот почеток. Најефикасен во победничкиот тим беше Стеф Кари со 22 поени, 7 скока и пет асистенции, додека Кевин Дурант постигна 17 поени. Дрејмонд Грин имаше 17 поени, дополнети и со 8 скока и 6 асистенции, а Клеј Томпсон – 15 поени.

Во составот на Јута, кои одиграа слава напаѓачка партија, се истајна Руди Гобер со 13 поени и 8 скока.

Многу повеќе возбудувања имаше во „ТД Гарден“ каде Бостон славеше по продолжението против Вашингтон со 129-119, најмногу благодарение на Ајзеа Томас. Плејмејкерот на Бостон, по ужасната трагедија и смртта на неговата сестра, полека почнува да се враќа во форма а тоа го потврди постигнувајќи 53 поени, за нов рекорд на кариерата.

Ајзеа имаше и по четири скока и асистенции, а две слободни фрлања постигна на 14 секунди пред крајот на регуларниот дел за израмнување и продолжение, за да во дополнителните пет минути од 15 поени на својот тим, тој самиот постигне 9. Така стана втор кошаркар на Бостон во последните 20 години кој успеал во последната четвртина од плеј-оф меч да постигне повеќе од 20 поени. Пред него тоа му успеа на Пол Пирс во 2003 година.

Томас најдобро го следеше Ал Хорфорд со 15 поени и 12 скока, а Бредли дополни со 14 поени. Во редовите на Вашингтон феноменална партија пружи Џон Вол кој мечот го заврши со 40 поени и 13 асистенции, но тоа не беше доволно против извонредниот Ајзеа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top