| четврток, 6 декември 2018 |

Србија го распна македонскиот Јуда

Нарекувајќи го албански платеник спрските медиуми го пренесуваат скандалозното интервју на Зоран Заев дадено за Курир.рс, во кое, освен што ја релативизира состојбата во Македонија, опасно задира во соседските односи со Србија и по којзнае кој пат ги доведува на работ на меѓудржавен инцидент

На нож е дочекано скандалозното интервју на лидерот на СДСМ Зоран Заев за Курир.рс, кое како контрадикторно доаѓа половина ден по интервјуто дадено за бугарската агенција БГНЕС.

zaev vu;ic
Освен многуте небулози и опасни изјави кои се однесуваат на внатрешните состојби бво Македонија, Заев лекомислено се впушта во вербална војна со Србија, напаѓајќи го директно новоизбраниот претседател на земјата, актуелниот премиер Алексадар Вучиќ.
Заев вели дека во Србија на власт е „националиситчкото раководство на Александар Вучиќ, кој себеси се декларира како лидер во регионот, а своите националистички позиции би ги покажал веднаш кога ќе му биде загрозена политичката кариера“.

На непотребните провокации на Заев одговорија министри од српската влада.

skandalozan640

Потпретседателот на српската Влада и министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ оцени дека пријателите на Србија не се однесуваат онака како што вечерва настапил лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев во интервјуто за српски „Курир“, пренесува РТС.

Србите се најголеми и најдобри пријатели на Македонија, а вака како што Заев настапи не се однесуваат пријателите на Србија, изјави Дачиќ реагирајќи на изјавата на Заев дадена во интервју за српски „Курир“, дека во Србија на власт е „националистичко раководство“.

Не знам со што Александар Вучиќ и Владата на Србија заслужија ваков брутален и скандалозен напад од страна на претендентот за местото македонски премиер Зоран Заев. Зарем не му се доста проблемите кои ги има во Скопје, па сега ги бара и во Белград, запраша Дачиќ.

zaev-vucic640

Тој потесети дека Вучиќ со денови и месеци повикувал на мирно решение на проблемот во Македонија, немешајќи се во внатрешните работи, бидејќи тоа можело да предизвика нестабилност во целиот регион.

Зошто Заев не ги напаѓа Рама и Тачи, туку Вучиќ? Не е тој толку наивен за да не знае дека концептот на Голема Албанија не е комплетен без Скопје, навел Дачиќ во изјавата доставена до Танјуг.

Според неговите зборови, како што македонските граѓани имале право на слободен избор на свое раководство, нема ни многу посилни земји од Македонија да одредуваат кого ќе изберат граѓаните на Србија, и како што нагласува Дачиќ, на тоа не можат да влијаат ниту многу поголеми лидери од Заев.

Србија спрема Македонија беше искрена, ја призна под уставното име, иако поради тоа се замери со Грција. Ниту еден збор не изговори со што би се вмешала во нејзините внатрешни работи, а Македонија го призна Косово, гласаше против Србија во УНЕСКО и сега кандидат за премиер брутално го навредува раководството на Србија и убедливо избраниот претседател Вучиќ. Сега само уште фали да се изгласа резолуцијата за српскиот геноцид врз Албанците, изјави Дачиќ.

a-vulin-640x320

На ваквата изјава на Заев реагираше српскиот министер Александар Вулин, кој запраша дали Заев сам го смислил нападот врз Вучиќ, или тоа му го рекле Рама, Тачи или Џафери.

vulin

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top