| четврток, 6 декември 2018 |

Заев ја свитка кичмата и пред Бугарите: Ние сме братски хора, един народ

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев не запира со своите дејствија и изјави на понижување на Македонија и македонскиот народ. Заев во интервју дадено за бугарската информативна агенција БГНЕС, Македонците ги прогласи за Бугари.

Имено Заев во своето интервју вели: – Ние сме браќа, еден народ.

Ова не е првпат Заев да ја витка кичмата на Македонецот, Заев уште во 2008 година во интервју за весникот „Вест“ кажа дека „Мора да ја свиткаме кичмата за името“.

zaev-kicma-imeto

Едно од најголемото понижување за Македонците е и прифаќањето на Тиранската платформа и спремноста истата да ја изреализира, со што Македонија ќе ја направи двојазична, ќе ги смени националните симболи: знаме, грб и химна, ќе воведе двојазични униформи на војската и полицијата, двојазични банкноти, но и е сспремен да го прогласи сопствениот народ за геноциден народ.

Ваквата изјава со која Македонците ги прави Бугари ја прелева чашата.

Оттука легитимно е прашањето дали прогласувањето на Македонците за Бугари не е дел од планот на Заев за разнебитување на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top