Јувентус утревечер ќе му гостува на Монако во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Искуството на италијанскиот првак треба да биде адутот на „старата дама“ во двомечот со младиот и талентиран тим на Монако.
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, има максимален респект кон францускиот ривал.
– Монако е одличен тим, впрочем се наоѓа меѓу четирите најдобри екипи во Лигата на шампионите. Заслужуваат максимален респект, и фудбалерите и стручниот штаб. Не е тоа истиот тим со кој игравме пред две години. Сега се многу поконкретни, имаат неверојатно брзи фудбалери во нападот и јасно е дека треба да бидеме максимално фокусирани. Сепак, верувам дека Јувентус ќе биде патникот во финалето во Кардиф – изјави Алегри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.