Граѓани на Охрид и вечерва протестираа во знак на поддршка на граѓанската инцијатива „За заедничка Македонија“
Славица Јованоска во име на учесниците на протестот укажа дека на 27 април 2017 година на циничен, недемократски, трагикомичен начин бил навлечен вел на срам врз Република Македонија.
– Во собраниската сала, во салата на демократијата се случи настан кога надвор од Уставот, законите и Деловникот е изгласан претседател на Собранието на Република Македонија. Тоа е преседан што ги урива основните демократски принципи на Република Македонија, рече таа.
Учесниците на протестот се собраа на плоштадот кај охридската гимназија, по што се упатија низ улиците во централното градско подрачје до Градскиот плоштад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.