Пет лица се уапсени денеска на неколку места во Франција, при што е запленето и оружје од страна на анти-терористичките сили на Франција, кои стравуваа од можна насилна акција, јавија повеќе француски медиуми, повикувајќи се на судски извори блиски до истрагата.
Како што пренесува дописникот на МИА од Париз, апсењата биле во Бихорел, во близина на Руан, Роан и Вилнев д’Аск, при што се пронајдени пиштоли и две автоматски пушки за време на претресот, изјави извор близок до истрагата.
Овие оружја биле легално во сопственост на роднина на еден од осомничените, според извори блиски до истрагата. Овие две лица се меѓу притворените. Осомничените се родени повеќето од нив во 90-тите години и апсењата се резултат на прелиминарната истрага иницирана од анти-терористичкиот обвинител , отворена во март благодарејќи на информации, таа му беше доверена на Под-директорат за анти-тероризмот на судската полиција и на Генералниот директорат за внатрешна безбедност изјави дека судскиот извор.
Некои од осомничените биле во контакт преку социјалните мрежи или на интернет, а од некои пораки се појави стравување од можноста за насилна акција, изјави извор близок до истрагата. Вечерта на 20 април, три дена пред првиот круг од претседателските избори, Карим Шерифи, 39, уби еден полицаец на 37 години, Ксавиер Жугеле на Шанзелизе. Тој, исто така, повреди двајца други полицајци и еден германска туристка, пред да биде застрелан.
Одговорноста за нападот беше речиси веднаш преземена од страна на џихадистичката организација Исламска држава, која е одговорна за најголем дел од нападите во кои загинаа 239 лица од 2015 година во Франција. Неколку дена претходно, двајца мажи осомничени дека сака да изврши напад беа уапсени во Марсеј, како тројца други во Нанси, при што е запленето оружје и експлозиви.
Како што се доближуваме до вториот круг на 7 мај, француската полиција е состојба на повисока подготвеност за да се спречат евентуални „насилни акции” на територијата на земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.