По првпат по смртта на Киро Глигоров, првиот претседател на независна Македонија, Штип ќе го одбележи датумот на неговото раѓање. Утре, Општина Штип со видеопрезентација ќе одбележи сто години од раѓањето на Глигоров, а на видео презентацијата ќе се обрати и градоначалникот на Штип, Илчо Захариев.
Киро Глигоров (роден Киро Панчев) е роден на 3 мај 1917 година во Штип. Беше оженет со Нада Мишева од Штип, ќерка на војводата Стојан Мишев. Глигоров беше избран за претседател на Република Македонија на 27 јануари 1991 година, а вториот мандат му заврши на 17 ноември 1999 година. Беше најстариот политичар во Македонија, но и еден од најдолговечните, откако преживеа атентат. Почина од природна смрт на 94 години, на 1 ви јануари 2012 година во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.