| четврток, 6 декември 2018 |

Годишно собрание на ДПМ со работна тема „Гласот на делото, глас на писателот“

Друштвото на писателите на Македонија утре со почеток во 11 часот ќе го одржи своето Годишно собрание со работна тема „Гласот на делото, глас на писателот“. Собирот ќе го отвори претседателот на Собранието на ДПМ, Веле Смилевски, а потоа учесниците ќе расправаат за различните аспекти на темата во обид да се одговори на прашањето дали и зошто писателите молчат.

Во рамките на овој највисок собир на македонските писатели во попладневните часови ќе се одржи поетска средба на која ќе настапат триесетина автори, членови на ДПМ од Битола, Прилеп, Тетово, Велес, Куманово, Струмица, Радовиш, Охрид, Струга, Кочани, Штип, Скопје и Крушево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top