| четврток, 6 декември 2018 |

„За заедничка Македонија“: Нема да дозволиме да ја одведат Македонија по патот од кој нема враќање

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ која пред 65 дена започна да протестира против Тиранската платформа и за зачувување на унитарноста на Македонија, денеска ги потсети граѓаните дека тие продолжуваат со протестите и дека ќе продолжат (денеска во 17 часот)  да чекорат по патот по кои што тргнале, а тоа е патот на граѓаните кои што се за заедничка Македонија, патот на граѓаните кои што се борат за националните интереси на оваа држава, патот на граѓаните кои што ја сакаат неизмерно Македонија и нема да дозволат никој да ја користи како играчка и да ја води по други патишта од кои нема враќање.

Богдан Илиевски членот на граѓанската иницијатива вели дека на Македонецот во генот му е да се бори и тие тоа ќе продолжат да го прават како тоа што го правеле изминатите 65 дена.

– И после сите овие обиди овие денови за демолизирање на граѓаните, одвраќање на граѓаните  од улиците за некои етикети кои што ни ги лепат дека ние сме биле терористи и убијци во обид и таквите негативни квалификации и измислици дополнително ќе не охрабрат да го правиме она што го правевме шеесет денови наназад, истакна Илиевски.

Борис Дамовски потенцираше дека граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ шеесетина денови повикуваше на мир и исто толку денови ги повикуваше партиите да влезат во дијалог со граѓаните за да се среди ситуацијата.

– Очигледно поради немање храброст кај сите партии да седнат на маса и да разговараат за ситуацијата во која се наоѓаме доведе до тоа да и во македонското Собрание беше извршен државен удар. Граѓанската иницијатива денеска бара правна помош и тоа не само од правници, туку и од философи, социолози и психолози за да состават правен тим со кои граѓаните ќе ја тужат нефункционалната држава па макар тоа бидат и меѓународните судови, истакна Дамовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top