| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец се бори за живот, возот го згмечил неговото возило

Скопјанец се бори за живот по тешката железничка несреќа, која се случи на делот од пругата помеѓу железничките станици „Ѓорче Петров“ и „Волково“, вчера во 16:30 часот.

Во незгодата, патничкиот меѓународен воз, кој сообраќал на релација Скопје–Приштина, управуван од Б.Ц., удрил во автомобил „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С. (77) од Скопје. Од ударот, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар „Мајка Тереза“ и се наоѓа во животна опасност.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. За време на вршење на увидот, во периодот од 16.30 до 20.04 часот,  на тој дел од пругата железничкиот сообраќај бил во прекин.

Фото: архива

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top