| четврток, 6 декември 2018 |

Маж се бори за живот откако со „БМВ“ се заби во бетонски ѕид

Маж се бори за живот по тешката сообраќајна несреќа што се случила вчера наутро во 07.00 часот во с.Долно Палчиште, тетовско.

Управувајќи со патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, И.К. (54) од с.Долно Палчиште, излетал од патот и удрил во бетонски ѕид. Од ударот И.К. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничка болница Тетово, од каде како итен случај во неконтактибилна состојба бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, каде бил задржан на лекување и се наоѓа во животна опасност.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР-Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top