Кој ќе биде последниот учесник на завршниот „фајнал-фор“ турнир во кошаркарската Евролига ќе биде познато вечерва. Екипите на Олимпијакос и Анадолу Ефес во Атина од 20 часот ќе го играат решавачкиот петти натпревар од четвртфиналната рунда.
До оваа мајсторка дојде откако двете екипи забележаа половичен ефект на натпреварите одиграни на домашен терен, за разлика од средбите во регуларниот дел од сезоната кога поддршката од домашната публика им беше од голема предност.
Дали тоа ќе биде случај и вечерва на дуелот во Атина или турската екипа ќе направи уште еден „брејк“ останува да се види.
Победникот од овој меч ќе се пласира во полуфиналето каде за противник ќе го има актуелниот шампион ЦСКА Москва. Вториот полуфинален пар на „фајнал-фор“ фурнирот во Истанбул, ќе го сочинуваат Фенербахче и Реал Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.