| четврток, 6 декември 2018 |

Јувентус се мачеше против Олимпијакос, Барса со минимална победа над Спортинг

Во второто коло од групната фаза на Лигата на Шампионите, вечерва во групата Д, фаворитите остварија очекувани победи, иако наидоа на силен отпор од „аутсајдерите“. Барселона на гостински терен со 0-1 го совлада Спортинг од Лисабон, а единствениот гол на мечот го постигна Себастијан Коатес на почетокот во второто полувреме кога ја смести топката во сопствената мрежа.

Јувентус пак на домашен терен не успеваше да ја затресе мрежата на Олимпијакос се до 69. минута, кога замената Игуаин го отвори резултатот. Конечните 2-0 ги постави Манџукич 11 минути подоцна.

Останати резултати од вечерашните дуели во Лигата на шампионите: Карабак – Рома 1-2; Андерлехт – Селтик 0-3; Атлетикот Мадрид – Челси 1-2; Базел – Бенфика 5-0; ЦСКА – Манчестер Јунајтед 1-4; ПСЖ – Баерн Минхен 3-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top