ВМРО-ДПМНЕ ги повика институциите да не приведуваат, како што се вели, недолжни луѓе брзајќи да покажат некаков резултат од настаните во четвртокот. Во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ посочува дека во текот на вчерашниот ден до нив стигнале информации дека се приведени многу лица кои не сториле никакво насилство или кривично дело, а биле држени во полицијата повеќе часови.
Дел од нив, како што наведува партијата, добиле и притвор без елементарен доказ дека сториле кривично дело или насилство. ВМРО-ДПМНЕ смета дека треба да се разграничи неколкучасовното влегување на граѓани во Парламентот заради револт и гнев, од нанесувањето тешки телесни повреди.
Според информации на партијата, некои лица добиле притвор заради вербални закани, без извршено физичко насилство.
– МВР и обвинителството треба да се свесни дека за да некого приведат или изнесат пред суд, треба да имаат цврсти докази за сторено кривично дело. Исто така, ОЈО и судовите не смеат да имаат различни аршини за овие настани од настаните при насилствата врз полицијата направени од шарените платени протестанти минатата година, кои за пари протестираа и вршеа насилство врз македонските полицајци, наведува ВМРОДПМНЕ.
Партијата апелира судот при носењето на одлуките да се држи исклучиво до фактите и доказите, а од министерот за внатрешни работи да не врши притисок над вработените по секоја цена да се приведуваат што повеќе луѓе.
– Потсетуваме дека предизвикувач на овој народен бунт е токму СДС која не само што 60 дена ги игнорираше граѓаните кои масовно, упорно, мирно и демократски протестираа, туку и континуирано ги провоцираа со навреди, погрдни зборови, омаловажувања и конечно со незаконскиот и противиставен обид за избор на претседател на парламентот. ВМРО-ДПМНЕ континуирано јавно предупредуваше на ризиците од ваквиот однос на СДС и изборната измама со постизборнито носење на Тиранската Платформа како основа на новата коалиција. Го предупредуваме и министерот во МВР, Нухиу да не врши притисок на вработените во министерството по секоја цена да апсат што повеќе луѓе без основ (со цел да добие политички поени во неговата партија и електорат). Само еден невин уапсен е голем преседан за кој ќе се бара одговорност, доколку се докаже дека бил приведен без основ и докази, стои во соопштението на партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)