| четврток, 6 декември 2018 |

Грчки медиуми: Теористите од УЧК спремни со војна да прават Илирида

Tерористите од УЧК се решени да ја дестабилизираат Македонија, но и целиот Балкан, предупредуваат грчките медиуми во кои развојот на настаните во Македонија и натаму е во фокусот.

Нелегитимното прогласување на Талат Џафери за претседател на Собранието, според дел од грчките медиуми, било организирано од страна на американската амбасада во Скопје и тоа без знаење на Белата Куќа, јавува дописникот на „Нетпрес“ од Атина.

– Четири месеци по децемвриските парламентарни избори и анархија, опозициската коалиција предводена од Зоран Заев, сугерираше дека ќе се обиде да состави нова влада, прескокнувајќи го претседателот на земјата – јавува грчката државна телевизија ЕРТ.

Грчкиот јавен сервис додава дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, заедно со претседателот Ѓорге Иванов се обдуваат да го спречат ова, бидејќи сметаат дека со тоа ќе биде загрозена унитарноста на земјата, додека во истовреме, терористите од УЧК се закануваат со војна.

И во извештај на телевизијата СТАР се предупредува дека терористите од УЧК се решени да ја дестабилизираат Македонија, но и целиот Балкан, пренесувајќи ја притоа нивната порака.

– Го предупредуваме претседателот Иванов и неговата армија дека сме подобро подготвени од нив и наскоро ќе се справиме. Ние сме група од 80 војници на Шара и наскоро ќе ги ослободиме етничките албански региони и ќе прогласиме република Илирида – пренесува СТАР.

Под насловот „Како американската амбасада во Скопје делуваше автономно од Стејт Департментот и речиси предизвика воен конфликт“, порталот „Проњуз“ пишува и дека посетата на заменикот државен секретар Хојт Ли, кој што е од старата администрација на Барак Обама, е во насока да му биде даден благослов на Џафери.

– Никој во Белата куќа ниту во Aмериканскиот безбедносен совет не знаеше и не беше информиран дека американската амбасада во Скопје, или поконкретно амбасадорот Џес Бејли планира да го признае новиот спикер на Парламентот, Талат Џафери, чиј избор беше причината за генералните немири во четвртокот. Според извештаите, претседателот Трамп бил изненаден од одлуките на американската амбасада во Скопје, а и Американскиот безбедносен совет не беше воопшто задоволен – пишува „Проњуз“.

Порталот додава дека е многу веројатно дека Бејли е целосно автономен во играњето на својата улога во земјата, во соработка со некои поранешни кругови на Стејт Департментот од администрацијата на Обама и во партнерство со некои невладини организации и УСАИД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top