Во погонте на фирмата за собирање и преработка на индустриски отпад ЦИОС, во загрепската населба Јанкомир, вечерва изби пожар. Огнената стихија се обидуваат да ја изгаснат повеќе од 30 пожарникарни возила. И покрај сите напори пожарот не е локализиран, а се очекува интервенцијата да потрае до изутрина.
-Интервенцијата е во тек, не знаеме што се случува. Премногу гори, а што точно гори, не знаеме, пренесува сведочење агенцијата Хина.
Како што се наведува пожарот создал голем чад, но причината засега се уште не се знае.
Состојбата е критична, но во пожарот нема повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)